известување за нова локација
Со задоволство Ве информираме дека, почнувајќи од 18.01.2012 год., Авицена дијагностика се пресели и започна со работа во новоизграден, сопствен објект.
Со цел да се задоволат барањата на долгогодишниот континуиран раст на самата компанија, на почетокот на 2011 год. се одлучивме за изградба на нов објект, кој ќе ги задоволи сите потреби за поуспешно работење не само на нашите вработени, туку и на барањата и потребите на нашите соработници и клиенти. Меѓудругото, објектот е изграден по сите светски стандарди за заштита на животната средина, како и заштеда на енергијата.
Се надеваме дека со ова, направивме уште еден чекор понапред во подобрување на услугите кон нашите соработници. Истовремено, ја пренесуваме нашата благодарност за дадената подршка на сите оние кои беа со нас во текот на изминатите години.
Ентузијазмот, вербата во успехот и фокусирањето кон иднината беа постојано со нас последниве 20 години. Како и досега, ќе се стремиме кон уште подобра динамика на развој со постојана потрага по нови производи, IVD технологии и подрачја за работа.
Новата адреса е: