|
 |
|
|
Авицена лабораторија
ул. Шарски одред 7
1000 Скопје
Република Македонија
тел.: 02 3179 001, 3179 010
факс: 02 3177 130
|
|
|
Лабораторија
|
|
|
Создадовме лабораторија која ќе Ви помогне да ја превземете грижата за Вашите пациенти во свои раце
Наша мисија
 Основната активност на Авицена специјалистичка лабораторија, како прва приватна регистрирана специјалистичка лабораторија во Р. Македонија, е унапредување на човековото здравје, со примена на најсовремени клинички лабораториски тестови, од различни области на медицината: биохемија, микробиологија, ендокринологија, имунологија, трансфузиологија, молекуларна биологија.
 Со одржување на професионалноста и квалитетот на највисоко ниво, наша визија е да станеме лидер во клиничката лабораториска пракса, како и активен партнер на сите здравствени институции.
Услуга
-
 Во чекор со светската понуда, нудиме сеопфатна и комплетна дијагностика, од високо специјализирани кадри,со врвни професионални и етички вредности
-
Достапност за стручни консултации во врска со значењето на анализите, техничкиот дел на работата и толкување на резултатите
-
Постојана контрола на квалитетот, сериозен пристап кон процесот на работа и постојан мониторинг и документација
-
Изработка на анализите во најкус можен рок, со можност за испраќање на резултатите по пошта, e-mail или факс
-
Организирано земање на материјали во ординации, болници, Вашиот дом
-
Достапни за услуги на повик во било кое време надвор од редовното работно време, 24 часа, 365 дена во годината
-
Можност за изработување на итни анализи во рок од 30 мин. до 4 часa*
*во зависност од времето потребно за изведување на анализите
|
|
 |
 |

|
|
Едукативен текст во месечникот Комплетна.
|
|
|
Реклама во дневниот весник Вест
|
|
 |